Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Британски комичар се присети на необична случка во Дубровник

Британски комичар се присети на необична случка во Дубровник
Img 7972

Британскиот актер и комичар Стивен Мерчант неодамна во емисија на Џонатан Рос се присети на една анегдота од Дубровник на која се сеќава до ден денес.

„Најнеобичната ситуација кога некој ме препозна кој сум се случи во Дубровник. Снимав нешто таму и морав да јадам остриги за тоа снимање. Непосредно пред тоа некој ми рече: штом ќе изедете лоши остриги, никогаш повеќе нема да ги јадете бидејќи болката е неподнослива“, ја започна тој приказната.

„Пророштвото“ со остригите набргу му се остварило.

„Околу четири часа подоцна имав толку многу болки и грчеви… бев во хотелска соба и си реков: никогаш повеќе нема да пробам остриги“ , продолжи комичарот. Потоа дошол доктор и му ставил инекција.

„Ги соблеков пижамите, се наведнав, а тој ми праша: Дали си ти Стивен Мерчант ? Првата мисла ми беше – дали навистина ме препозна по задникот? Дали сум по тоа познат во Дубровник? Дали сум хрватски Ким Кардашијан?“ се пошегува комичарот.

Откако му ставил инјекција, докторот го прашал дали може да направи селфи со него. „Се фотографирав со него“, раскажува тој, додавајќи дека докторот се вратил другиот ден и му се извинил што побарал селфи во незгодно време.“ „Беше многу љубезен, дојде во слободно време. Но, тој сè уште има фотографија со мене без панталони“, заклучи комичарот и ги насмеа сите во студиото.

Иако Мерчант не откри кога се случил настанот, можно е да е во 2019 година кога беше на снимање на документарната серија Travel Man: 48 hrs In чиј водител е Ричард Ајоади.

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?

Македонско ремек-дело: „Тигрите” во новиот патриотски филм на Ѓоко Јовиќ