Утрински Весник
Свет

Во Унгарија потврдени првите два случаи на омикрон

Во Унгарија потврдени првите два случаи на омикрон

Првите два случаи на коронавирус од сојот омикрон се пријавени во Унгарија, објави денеска генералниот хирург Сесилија Милер, додавајќи дека видот делта сè уште е доминантен кај повеќето заразени со коронавирус.

Според податоците објавени на веб-страницата на унгарската влада, во текот на викендот од последиците на корона вирусот починале 455 пациенти, а регистрирани се 16.017 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата, во Унгарија се регистрирани 1.198.939 случаи на коронавирус, додека од оваа инфекција починале 36.884 лица.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина