Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Виена може да работат борделите, но не и рестораните

Во Берлин отворени борделите, но засега само за масажи
Img 7972

Во Виена, која се одлучи за внимателно и постепено укинување на заклучувањето, критичарите предупредуваат на бројни нелогичности во одлуката за завршување на локдаунот.

Така, борделите можат повторно да почнат со работа на 13 декември, а угостителството мора да почека уште една недела плус – до 20 декември.

Претседателката на Здружението на хотелиери на Австрија, Михаела Рајтерер, ја оцени како погрешна одлуката на виенските власти угостителството и хотелите да останат под клуч уште една недела.

И лидерот на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) во Виена, Доминик Неп, не може да разбере зашто борделите можат да ги отворат вратите една недела пред угостителите.

Со одлука на виенските власти од 13 декември повторно ќе бидат отворени продавниците, но и услужните дејности во кои, според властите, се вклучени и борделите.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот