Утрински Весник
Свет

Путин: Русија е мирна земја

Путин: Русија е мирна земја

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е мирна земја, одговарајќи на прашањето дали ќе ја нападне Украина.

„Ова е провокативно прашање. Русија бара мир кога е во прашање меѓународната политика, но има право да ја обезбеди својата безбедност, како што реков, на краток и долг рок. Сега разговараме со нашите меѓународни партнери на оваа тема, вклучувајќи го и мојот вчерашен соговорник Бајден, претседател на САД, рече Путин на прес-конференција по разговорот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, пренесе Интерфакс.

Рускиот лидер додаде дека секоја земја има право да го избере најприфатливиот пат за својата безбедност.

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот