Утрински Весник
Македонија

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Согласно сите проекции, зголемување над 10% нема да има, се отфрлаат сите анализи, сите видувања и од експерти во областа на енергетиката и од политички партии, дека зголемувањето ќе биде 30, 40 па и 50%. Вистина е дека енергетските компании побараа поголемо покачување дури и до 100%, но ние како одговорна влада, како економски тим, имавме неколку состаноци и најдовме начин, се со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните со што цената нема да се зголемува над 10%.“ изјави министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на ски центарот Попова Шапка.

Бектеши додаде дека доколку енергетските компании работат правилно, во иднина не би требало да има зголемување на цената на струјата.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана