Утрински Весник
Спорт

Ливерпул пред 10 години издвои богатство за него, сега неделно заработува 1.000 фунти

Ливерпул пред 10 години издвои богатство за него, сега неделно заработува 1.000 фунти

Пред десет години, Енди Керол беше најскапиот Англичанец во историјата на фудбалот. Ливерпул неговиот трансфер од Њукасл го платија 41 милиони евра. најголем во историјата на англискиот фудбал. Денес Крол игра за неделна плата од 1.000 фунти.

Керол во Ливерпул не ги исполни очекувањата, за разлика од Луис Суарез кој во истиот преоден рок се пресели од Ајакс на „Енфилд“.

Од Ливерпул, Керол се пресели во Вест Хем. Во Лондон беше до 2019 година, кога како слободен играч се врати во Њукасл. Керол пред еден месец потпиша договор со Рединг. До крајот на сезоната ќе заработи 28.000 фунти.

Сепак, Керол финансиски се обезбеди во претходните клубови. Ви Ливерпул имаше годишна плата од 4,9 милиони евра, во Вест Хем 5,5 милиони евра, а во Њукасл во последните две сезони заработи 9,2 милиони евра.

> Ливерпул пред 10 години издвои богатство за него, сега неделно заработува 1.000 фунти <

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите