Утрински Весник
Свет

И „Бионтек“ работи на потенцијална вакцина против омикрон

И „Бионтек“ работи на потенцијална вакцина против омикрон

Германската фармацевтска компанија „Бионтек“ денеска објави дека започнала со работа на потенцијална вакцина против новиот сој на коронавирусот – омикрон, иако сè уште не е јасно дали ќе мора да ја обработи веќе постоечката вакцина направена во соработка со „Фајзер“.

Развојот на приспособена вакцина е дел од стандардот на компанијата во однос на појавата на нови соеви, соопшти компанијата.

„Првите чекори во развојот на потенцијална нова вакцина се преклопуваат со истражувањето дали воопшто ќе биде неопходно да се направи нова вакцина“, се додава во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

„Бионтек“ во петокот изјави дека очекува повеќе лабораториски податоци во следните две недели за да се утврди дали е неопходно да се направи вакцина само против омикрон.

Компанијата „Модерна“ најави и дека ќе работи на редизајнирање на постоечката вакцина за идни бустер-дози.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел