Утрински Весник
Македонија

(Видео) Сарафов: Технички проблем на автобусот или грешка на возачот се можми причини за несреќата

(Видео) Сарафов: Технички проблем на автобусот или грешка на возачот се можми причини за несреќата

Директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов изјави дека можни причини за трагичната несреќа во која животот го загубија 46 македонски државјани, се грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот.

Во опожарениот автобус имало 52 патници, од кои 12 деца. Меѓу загинатите е и возачот на автобусот.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, кој заедно со премиерот Стефан Јанев се на местото на автобската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата.

„ Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се“, рече Рашков.

Тој истакна дека покрај опожарениот автобус, сообраќале уште три. Настраданиот автобус се движел последен.

Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков.

Можете да прочитате

СДСМ: Без табуа, со знаење – младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на промоција на здравје, здравствени навики и сексуално образование

Пациентки на Онкологија останаа без терапија – Клиниката се извини за доцнењето на лекот

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа