Утрински Весник
Македонија

Се преврте македонски автобус во Бугарија – загинаа 46 луѓе, меѓу кои 12 деца

Се преврте македонски автобус во Бугарија – загинаа 46 луѓе, меѓу кои 12 деца

Најмалку 46 патници загинеле во македонски автобус во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Автобусот сообраќал од Истанбул кон Скопје.

Според првичните информации, тој се запалил и се превртел. Меѓу патниците имало 12 деца.

Од бугарското Министерство за внатрешни работи, велат дека ова е една од причините зошто луѓето не можеле да се спасат.

Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кај селото Боснек во делот на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија.

„Автобусот во Бугарија влегол од Турција. Жртвите се државјани на Северна Македонија. Меѓу нив има и 12 деца“, изјави за БТВ директорот на Генералниот директорат на Националната полиција Станимир Станев. Едната верзија е дека автобусот удрил во заштитната ограда. Не може со сигурност да се каже дали автобусот прво излетал, а потоа се запалил или најпрво се запалил па излетал, пренесува БТА.

Премиерот Заев и министрите Османи и Филипче заминаа за Бугарија пред половина час.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ