Утрински Весник
Македонија

Официјален пречек за Џафери во Обединетите Арапски Емирати

Официјален пречек за Џафери во Обединетите Арапски Емирати

Во рамките на првата официјална посета на Обединетите Арапски Емирати на Претседателот на Собранието Талат Џафери и Делегацијата во состав: Хусни Исмаили, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, Дарко Каевски и Бедри Фазли, членови, беше организиран официјален пречек од страна на Н.Е. Сакр Ал-Гобаш, Спикер на Федералниот национален совет на Обединетите Арапски Емирати.

Н.Е. г. Сакр Ал-Гобаш срдечно го поздрави Претседателот Џафери и Делегацијата, истакнувајќи ја оваа прва историска средба како почеток на поблиски и подинамични билатерални односи. Тие се согласија дека градењето мостови меѓу граѓаните на двете држави треба да претставува императив за сите политички чинители, како надградба на стабилните политички врски и пријателските односи, сега и во иднина.

Двајцата претседатели изразија взаемни уверувања за поинтензивна соработка на ниво на сите државни институции меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, во сите домени, а особено ја потенцираа важноста од зголемена економска и трговска соработка.

Можете да прочитате

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери

Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга дека од старт го разочарал: Советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да го подржуваат

Трипуновски во „Клик Плус“: Има сомнежи за многу нерегуларности во министерството за земјоделство, поднесени се шест кривични пријави