Утрински Весник
Македонија

Tешко повреден пешак во Тетово по удар од автомобил

Tешко повреден пешак во Тетово по удар од автомобил

Вчера во 05.45 часот на крстосница во Горна чаршија во Тетово, патничко возило „фиат пунто“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.И.(25) од Тетово, удрило во пешакот М.И.(79).

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси една деценија, болницата обезбедена со безбедна вода за пиење

Велешанец ја нападнал и повредил мајка си, полицијата го уапси

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорнос