Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за полицаец од Штип кој сериозно повредил малолетник

Кривична пријава за полицаец од Штип кој сериозно повредил малолетник

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против А.М., вработен во штипската полиција, поради сомнение дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на служба.

Како што информираат од МВР, 29 септември годинава, околу 21 часот, во просториите на полициската станица Штип, пријавениот полицаец неповикано влегол во просторија од станицата каде друг службеник бил надгледуван малолетник и го удрил, по што малолетникот се здобил со повреди.

Била повикана итна медицинска помош која ги констатирала повредите и му пружила медицинска помош.

Можете да прочитате

За 500 евра „Македониум“ отстапен за спот на косовскиот рапер Дон Џони

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје