Утрински Весник
Македонија

186 санкционирани возачи во Скопје, 40 возеле над дозволеното

186 санкционирани возачи во Скопје, 40 возеле над дозволеното

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 186 казни, меѓу кои 40 за возење над дозволената брзина, 21 санкција за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и шест казни за користење мобилен телефон, 12 за непрописно престројување, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, 63 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најави полицијата.

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги