Утрински Весник
Магазин

Џејк Џиленхол открива колку многу му се допаѓала Џенифер Анистон

Џејк Џиленхол открива колку многу му се допаѓала Џенифер Анистон

Џејк Џиленхол бил затрескан во Џенифер Анистон толку многу што било вистинско мачење да снима љубовни сцени со неа.

Двајцата глумат заедно во драма-комедијата „Добрата девојка“ (Тhe Good Girl) од 2002 година, a 40-годишниот Џејк вели дека не било лесно поради неговата вистинска вљубеност во 52-годишната ѕвезда од серијата „Пријатели“.

Говорејќи во текот на интервју за шоуто на Хауард Стерн (The Howard Stern Show), водителот го праша Џејк дали му било тешко да снима љубовни сцени со некој што го сака во реалниот живот.

“Да, тоа беше мачење, дефинитивно. Но, исто така, не беше мачење. Мислам, тоа беше како мешавина од двете,“ рече Џејк. „Таква е механичката природа на љубовните сцени што за среќа успеав добро да ги сокријам своите вистински чувства кон Џенифер.“

„Чудно, љубовните сцени се незгодни, бидејќи има можеби 30, 50 луѓе што гледаат додека снимате.

„Тоа не ме возбудува. Чудно е механички. И, исто така, тоа е танц, вие треба да ги кореографирате тие сцени.“

Можете да прочитате

Кога и како да се земе железо?

Готово е: Бен Афлек фотографиран без прстен

Како да ги намалите проширените пори на лицето