Утрински Весник
Свет

Германската фармацевтска компанија „Мерк“: Нашиот лек ги намалува ризиците од ковид за 50 проценти

Германската фармацевтска компанија „Мерк“: Нашиот лек ги намалува ризиците од ковид за 50 проценти

Германската фармацевтска компанија „Мерк“ објави дека нејзиниот орален лек против Ковид-19, „молнупиравир“, ги намалува шансите за хоспитализација или смрт за 50 % кај пациенти што се изложени на зголемен ризик од сериозни болести, покажаа прелиминарните клинички студии објавени денеска.

„Мерк“ и партнерската компанија „Риџбек биотерапевтикс“ планираат да бараат одобрение за итна употреба во САД и ќе испратат апликации до здравствените регулаторни тела во светот, објави „Ројтерс“.

Поради позитивните резултати, третата фаза од клиничкото испитување беше прекината по препорака на независно супервизорско тело.

„Ова ќе ја смени приказната за тоа како да се бориме против Ковид-19“, рече Роберт Дејвис, извршен директор на „Мерк“, за „Ројтерс“.

Доколку добие дозвола, „молнупиравирот“, дизајниран да ги препознава грешките во генетскиот код на вирусот, ќе стане првиот антивирусен лек против Ковид-19.

Прелиминарните анализи на 775 пациенти што учествувале во студијата на „Мерк“ покажуваат дека 7,3 проценти од луѓето што примале „молнупиравир“ биле хоспитализирани или починале 29 дена по третманот, во споредба со 14,1 проценти од оние на кои им било дадено плацебо.

Според АП, по 30 дена од земањето на лекот, немало смртни случаи во групата што примала „молнупиравир“, а имало осум смртни случаи во групата што примила плацебо.

За време на студијата, која беше спроведена во целиот свет, „молнупиравир“ се земаше на секои 12 часа, пет дена.

Во студијата биле вклучени пациенти што имале блага или умерена форма на Ковид-19 и кои немале симптоми повеќе од пет дена. Сите пациенти имале зголемен ризик, без разлика дали се работи за дебелина или припаѓаат на постара група луѓе.

„Мерк“ соопшти дека со секвенционирање се дошло до заклучок дека „молнупиравир“ е ефикасен против сите соеви на коронавирусот вклучувајќи го и доминантниот делта-сој.

Можете да прочитате

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска