Утрински Весник
Спорт

„Умрони сме, физички и психички“

„Умрони сме, физички и психички“

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, свесен е дека неговиот тим одиграл лош натпревар во Торино. Европскиот првак, синоќа, доживеа пораз од Јувентус (1:0), во Лигата на шампионите.

Во само четири дена, Челси, доживеа два порази со 1:0, во саботата Манчестер сити ги победи во Премиер лигата, а синоќа Јувентус.

„Забележливо е дека сме уморни. Фузички и ментално. Бавно ги носиме одлуките. Поради тоа во овој момент е тешко да се анализира нашата игра…“, констатирал Тухел. Тој смета дека од почетокот се било погрешно.

„Можевме во првите 15 минути да им нанесеме повеќе штета. Имаше простор да се испратат опасни топки пред нивниот гол. Во текот на целиот меч се боревме самите со себе, се обидувавме да го пронајдеме вистинскиот ритам. Лошо се движевме, бевме бавни, не трчавме доволно. Збунет сум, ден претходно на тренингот изгледавме одлично“.

Челси во наредната рунда ќе игра против Малме.

> „Умрони сме, физички и психички“ <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет