Утрински Весник
Македонија

Граѓаните кои не биле дома ќе може да се попишат на одредени локации во општините

Граѓаните кои не биле дома ќе може да се попишат на одредени локации во општините
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Влегуваме во последната фаза од пописните активности на терен во која се привршуваат сите активности, што се спроведуваа во последните 20 дена. Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи. Пописот трае до 30 септември и уверуваме дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес, изјави Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Токму од овие причини, додаде таа, Државниот завод за статистика ќе им овозможи на сите оние граѓани, кои по кој и да е основ не успеале да остварат контакт со попишувачот, кој поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол, да можат да се попишат на одредени локации во својата општина.

Ѓоргиева посочи дека попладнево на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk ќе бидат објавени локациите во сите општини каде што граѓаните ќе можат да појдат и да се попишат.

Таа повика граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи пописот трае до 30 септември и некои граѓани ќе бидат посетени и на последниот ден. Таа изрази уверување дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој огромен статистички процес, бидејќи целта на пописот е целосен опфат на сите граѓани кои во моментов живеат во Македонија.

Заклучно до денеска во 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а самопопишани се 195.477 граѓани од дијаспората.

Можете да прочитате

ГП ,,Богородица” е затворен за сообраќај

Првпат изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

МОН: Младите во Македонија не ја менуваат перцепцијата за тутунот