Утрински Весник
Магазин

Почина Роџер Мичел, режисерот на „Нотинг Хил“

Почина Роџер Мичел, режисерот на „Нотинг Хил“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Режисерот Роџер Мичел, најпознат по филмовите „Нотинг Хил“, „Венера“ и „Мојата братучетка Рејчел“, почина на 66-годишна возраст.

„Семејството на Роџер со голема тага ја сподели веста за смртта на режисерот, писател, татко на Хари, Меги, Роузи и Спероу“, потврди публицистот на Мичел. Причината за смртта не беше наведена.

Најпознатиот филм на Мичел, „Нотинг Хил“, романтична комедија од 1999 што ја напиша Ричард Кертис, а во која глумат Џулија Робертс и Хју Грант, имаше голем успех во светски рамки, со три номинации за „Златен глобус“.

Работеше и на филмовите „Кобно престројување“ (Changing Lanes) од 2002 година со Бен Афлек и Семјуел Џексон, потоа работеше на „Венера“ (Venus) со Питер О’Тул, и две продукции во кои глумеше Даниел Крег – Мother и Enduring Love.

Мичел преговараше за режирање на филмот за Џејмс Бонд во 2006 година, но се откажа, исто како и од филмот „Мандолинaта на капетан Корели“ поради закрепнување од срцев удар.

Роден во Јужна Африка и школуван во Кембриџ, Мичел ја започна својата кариера во театар како помошник режисер.

Ненадејната смрт на Мичел предизвика шок во филмската индустрија. Пред три недели преговараше за работа на нов документарен филм, пишува „Гардијан“.

Можете да прочитате

Предновогодишен спектакл пред Cevahir Mall Skopje со НОКАУТ и богата целодневна програма

Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам

Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец