Утрински Весник
Свет

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони
Ss2

Европската унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој е познат по тоа што неговите полначи се поинакви и не можат да се користат на други телефони.

Иако најавените промени и натаму не се на сила, сепак „Епл“ уште со самата најава може да биде принуден на одредени промени.

300x250 (7)

„Европските потрошувачи веќе долго време се фрустрирани поради тоа што имаат некомпатибилни, а функционални полначи во нивните фиоки. На производителите им дадовме повеќе од доволно време да изнајдат сопствени решенија, но сега е време да воведеме законодавна акција за заеднички полначи”, рече Маргарет Вестангер, шефицата на ЕУ за технологија. Таа додаде дека ова е важна победа за корисниците и околината и во согласност со зелените и дигитални аспирации.

Според Европската комисија, граѓаните на ЕУ во просек поседуваат по три полначи. Меѓутоа, дури 38% од потрошувачите изјавувиле дека барем еднаш не биле во можност да го наполнат својот телефон, бидејќи правилниот полнач не им бил при рака. Според Европската комисија, годишно се трошат околу 2,8 милијарди евра за набавка на дополнителни полначи, кои не дошле во комплет со уредот. Европските службеници и претходно правеа напори со цел да ја принудат индустријата да ги стандардизира полначите.

„Епл“ веќе реагираше на новите промени, велејќи дека е загрижен што строгите регулативи кои бараат само еден тип полначи ќе ги обесхрабрат иновациите, што на крајот ќе им наштети на потрошувачите.

Сепак, на крајот, од американскиот технолошки гигант дипломатски додаваат дека ќе се ангажираат со засегнатите страни, за да им помогнат да најдат решение што ги штити интересите на потрошувачите.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56