Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Велјановски: Заев ги стави во ист кош модуларните болници и терасите на кафеаните

Велјановски: Заев ги стави во ист кош модуларните болници и терасите на кафеаните
300x250 opst2

Трагедијата која што се случи во модуларната болница во Тетово и жртвите кои што ги зема истата, Зоран Заев без око да му трепне, ги стави во ист кош со градба на тераси и кафеани, истакна Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според него, Зоран Заев вчера по којзнае кој пат покажал дека за него загубата на човечки животи не значи ништо. Тој и неговата банда, вели Велјановски, продолжуваат да се однесуваат како ништо да не се случило.

„Имено, Зоран Заев вчера изјави, цитирам ‘Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба, статики, локациски услови како што се градат сите болници’. И замислете, за ваква изјава тој се’ уште не е повикан во Јавното обвинителство. Во секоја нормална демократска држава Зоран Заев после ваква изјава од позиција на премиер на истата, ќе беше повикан во Јавното обвинителство и ќе беше отворена истрага против него, но и против целата Влада која е дел од процесот на поставување на модуларните болници“, рече Велјановски.

Во однос на изјавата на Заев дека прашањето за морална одговорност и негова оставка станало банално, Велјановски рече дека не е банална ниту несреќата, ниту барањата за оставки, туку банален е Заев.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: Конче со Благој Илиев ќе биде подобро место за живеење, народот тоа го знае

Тошковски од ГП „Табановце“: Со „One Stop“ системот неколкукратно намалено времето на чекање

„Мајка“ на Стругар Митевска селектиран на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио