Утрински Весник
Македонија

313 санкции за брзо возење

313 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 313 возачи. Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 144 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Мицкоски: На обвинителството коe смислува изговори, им велам дека трпението е при крај

ВЛЕН: Институциите дејствуваат, започна борбата против брзите кредити и коцкањето!

ДУИ: Од луксуз во Маврово до билборди во центарот на Скопје: Кој ги рекламира апартманите на Недим Рама?