Утрински Весник
Свет

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулиљата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат за вакцинација или негативен тест.

„Сѐ уште сме во опасна ситуација. Ако не го спроведеме ова, ќе следат големи ризици“, рече премиерот Марк Руте за време на жестоката дебата во парламентот.

Противниците ја доведоа во прашање потребата од воведувањето на ткн. ковид – потврди за кои многумина велат дека се „стапица“ за поттикнување на вакцинација, и покрај повторените ветувања на владата дека вакцинацијата никогаш нема да стане задолжителна.

„Мерката е неразумна, непотребна и лажна. Ова е вакцинација со сила и предизвикува поделби во општеството“, рече лидерот на ултрадесничарската опозиција Герт Вилдерс.

Според официјалните бројки, околу 72 проценти од вкупно 17,5 милиони Холанѓани се вакцинирани со најмалку една доза.

Можете да прочитате

Во Германија ќе се плаќа за да се добие совет во продавница

„НАСА ја испраќа ‘Артемис II’: Прв лет со екипаж околу Месечината по 50 години“

Тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија