Утрински Весник
Економија

Ќе го изгуби ли македонскиот работник своето место во Македонија?

Nac9034.jpg

Пишува: Проф д-р Иван Анастасовски

Македонија се соочува со еден од најсериозните парадокси на современото општество, а тоа изгледа вака имаме невработени, а истовремено немаме доволно работници. На прв поглед, ова изгледа како економска нелогичност. Во суштина, тоа е предупредување дека нашиот пазар на труд доживува длабока структурна промена.


Прашањето повеќе не е само колку работни места има. Прашањето е кој ќе работи во Македонија утре? Нашиот работник си заминува, но сепак потребата за да се сработи кај нас останува. Со години Македонија се соочува не само со иселување на младите и на квалификуваната работна сила туку и на секое едно семејство кое ја гледга својата перспектива во некои пред се од европските држави. Заминуваат лекари, инженери, мајстори, програмери, угостители, возачи, медицински сестри, градежни работници, но заминуваат и цели семејства. Најголемиот проблем е што со човекот не заминува само еден работник, заминуваат знаењето, искуството, даночниот потенцијал, потрошувачката, идниот родител и идниот професионалец.

Државата инвестирала во неговото образование, семејството инвестирало во неговото растење, а друга економија ја добива неговата продуктивност. Тоа е економска загуба која не може да се измери само со бројот на иселени лица.
Во доцните деведесети сите се плашавме од паролата „нема работа“, а денес ја имамеме паролата „нема кој да работи“, пред една деценија главното прашање беше „Каде има работа?“, денес сè почесто слушаме, “Каде да најдеме работник?“, ова претстваува огромна промена, а особено се чувствува во градежништвото, угостителството, транспортот, производството, земјоделството, здравството и одредени технички професии.

Ако овој процес продолжи, Македонија може да влезе во ситуација во која економскиот раст ќе биде ограничен не од недостатокот на капитал, туку од недостатокот на луѓе.

Се прашувам дали решението е увоз на странски работници, (пред извезно време во една кафетерија во Кисела Вода се послужи девојка од азиско потекло) и беше ОК, па затоа не генерализарм но сепак странската работна сила може да биде дел од решението, оти фкт е тоа дека економијата не може да функционира ако нема доволно луѓе за работните места што постојат. Денес, да отовориш нов бизнис во одредена гранка најголемиот страв е дали ќе најдеш кој да работи, знам дека ова е поврзано и со висината на месечните примања и ниското ниво на минимална плата кај нас.

Ако Македонија истовремено ги губи своите млади, а проблемот го решава со увоз на работници, тогаш ние не го решаваме коренот на проблемот, само го одложуваме. Државата не би требало да си дозволи да избира меѓу македонски и странски работник, таа мора да создаде услови и едниот и другиот да имаат достоинствено место во нашата домашна економија.

Платата не е единствениот проблем, но сепак е клучен проблем. Нашиот работник не заминува само затоа што некој во Германија или Австрија нуди поголема плата, туку заминува и затоа што сака сигурност, почитување на трудот, професионален развој, функционални институции, предвидлив систем отеков со системот но тоа е), подобро образование за своите деца, подобар квалитет на живот.

Затоа политиката на задржување на работната сила не може да биде само политика на зголемување на платите, потребно е таа да биде политика на достоинство на трудот. Најголемата грешка би била да го изгубиме човечкиот капитал, нашата држава не е сиромашна само кога нема доволно пари, туку таа станува сиромашна кога нема доволно луѓе со знаење, вештини и желба да создаваат дома. Затоа човечкиот капитал мора да стане стратешки национален ресурс.

Потребна е нова политика на трудот (впрочем за тоа го имаме и Министерството) које би требало да ги поврзе следните сегменти: образованието – економијата – платите – продуктивноста – домувањето – демографијата – миграцијата. Без таква политика, секоја влада ќе се занимава со последиците, а не со причините.

Би се сложил со последното интервју Елон Маск за тадиционалното образование, тоа е застарено и неупотребливо веќе, каде се учат децата на работи кои никогаш нема да ги употребат во пракса. Време е да се учат децата како да ги решаваат проблемите. Време е образовниот систем да ги креира занаетите кои се и тек како потребни за нашата држава.
Македонија мора да избере, пред неа стојат две можности, и тоа:

Првата е да продолжиме со истиот модел: младите заминуваат, фирмите бараат работници, се увезува работна сила, населението старее, а државата се обидува административно да го одржи системот.

Втората е да изградиме Македонија во која останувањето повторно ќе биде рационална и достоинствена одлука. Тоа значи подобри плати, но и подобри институции. Повеќе инвестиции, но и повеќе продуктивност. Подобро образование, но и реална можност стекнатото знаење да се употреби дома.

Македонија не смее да стане држава во која има работни места без работници и млади без иднина.

Најголемата економска инвестиција не е новата зграда, фабрика или пат. Најголемата инвестиција е човекот. Ако го задржиме човекот тука, ќе ја задржиме економијата, но ако го изгубиме човекот, ќе мораме да увезуваме не само работна сила, туку и иднина.

Вистинското прашање е: „Што ќе направи државата за македонскиот работник повторно да сака да остане тука?“

Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Можете да прочитате

Левица: Нема „економска ефикасност” во крадењето на слободното време на работникот – тоа е стара експлоатација со нов речник

Бакарот станува стратешки метал за енергетската и дигиталната иднина, новите рудници се неопходни

Дизелот поевтинува за 3, а бензините за 1,5 денар за литар