Утрински Весник
Спорт

Алкараз: Јас сум амбициозно момче

Алкараз: Јас сум амбициозно момче

Карлос Алкараз, момчето кое шпанските медиуми го нарекоа новиот Надал, избори пласман во четврт-финалето на Ју-ес опен. 18-годишниот Шпанец во драматичен меч со 3:2 (7/5, 1/6, 7/5, 2/6, 6/0), го победи Германецот Петер Гојовчик.

Алкараз во наредната рунда ќе игра против Феликс Оже-Алијасим. Канаѓанецот во осмина-финалето го победи Френсис Тијафо.

Карлос Алкараз стана најмладиот четврт-финалист на Ју-ес опен уште од 1963 година.

„Јас сум амбициозно момче, не се откажувам. Нема да се задоволам со ова, мојот карактер не е таков. Секогаш сакам повеќе. Верувам во себе и својот тенис“, рекол Алкараз и дополнил.

„Не читам што пишуваат медиумите за мене. Знам дека многу се зборува за ова, особено во Шпанија. Се обидувам да не мислам на тоа“.

> Алкараз: Јас сум амбициозно момче <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0