Утрински Весник
Свет

Британски војници извршиле самоубиство по настаните во Авганистан

Британски војници извршиле самоубиство по настаните во Авганистан

Некои британски ветерани од војната во Авганистан си го одзедоа животот, погодени и очајни поради хаотичното повлекување на силите предводени од САД и победата на талибанците, изјави денеска министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Џејмс Хипи.

Британија загуби 457 војници во Авганистан, односно околу 13 проценти од жртвите меѓу 3.500 сојузнички сили од 2001 година, потсетува „Ројтерс“.

„ За жал, имаше војници кои служеа во Авганистан, вклучително и војници од мојата последна посета на Авганистан, кои минатата недела си го одземаа животот поради чувствата што им се јавија по последните настани во Авганистан“, рече Хипи.

Според Хипи, кој служеше војска во Авганистан, Северна Ирска и Ирак, сето тоа е „многу загрижувачки и вознемирувачки“.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман