Утрински Весник
Свет

Борел: Талибанците ја добија војната, ќе мора да преговараме со нив

Борел: Талибанците ја добија војната, ќе мора да преговараме со нив

Откако талибанците ќе ја преземат власта, ЕУ ќе соработува со новата авганистанска влада само доколку истата ги почитува основните права, вклучително и правата на жените и се осигура дека терористите не ја користат авганистанска територија, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Тој го искажа ставот на ЕУ по вонредниот состанок на европските министри за надворешни работи на кој се разговараше за молскавичното заземање од страна на талибанците на авганистанскиот главен град Кабул.

„Треба да стапиме во контакт со властите во Кабул… Талибанците ја добија војната, затоа ќе мора да разговараме со нив“, рече тој на прес -конференција по состанокот.

Наскоро ќе мора да започнеме дијалог за да спречиме потенцијална миграциска катастрофа и хуманитарна криза, додаде Борел.

Нагласи дека приоритет на ЕУ е евакуација на својот персонал и авганистанските соработници од Кабул. Тој вети дека ЕУ ќе продолжи да дава помош за граѓаните на земјата во услови на влошена хуманитарна ситуација во Авганистан.

„Соработката со која било идна авганистанска влада ќе биде условена со мирно и инклузивно решение и почитување на основните права на сите Авганистанци, вклучително и жените, младите луѓе и малцинствата, како и почитување на меѓународните обврски на Авганистан. Исто така, ќе биде условено и со борбата против корупција и очекуваме новата влада да спречи терористички организации да ја користат авганистанската територија“, рече Борел.

Можете да прочитате

Полската полиција разби мрежи за трговија со дрога и заплени дрога во вредност од 275 милиони долари

Лавров го пофали Трамп, ги критикува Европејците за нивниот пристап кон решавањето на украинскиот конфликт

Пратеник најден мртов во парламентот во Финска