Утрински Весник
Македонија

Затнат одвод во тоалет во студентскиот дом „Стив Наумов“ од фрлени влажни марамчиња, Јаневска повика на совесност и грижа кон јавните добра

Image 2026 10 06 152640553.png

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вчера интервенирале во тоалет во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, каде што одводот бил затнат поради фрлени влажни марамчиња. На „Фејсбук“ реагира министерката за образование и наука Весна Јаневска, која побара поголема совесност и одоворност на студентите сместени во домот, кој беше темелно реконструиран и отворен пред две недели.

-Апел и одговорност – ова повеќе да не се случува! Обезбедивме најсовремени услови за престој на студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“. Но, за тие услови да останат такви, неопходна е одговорност, совесност и грижа од сите што го користат домот. Ова се случи вчера, само две недели откако домот беше вселен – затнат тоалет поради фрлени влажни марамчиња. Неразградливите материјали не припаѓаат во тоалетната школка и може да предизвикаат сериозни проблеми со канализацијата. По интервенцијата на ЈП „Водовод и канализација“ проблемот беше отстранет, а просториите исчистени, напиша Јаневска на својот фејсбук-профил.


Министерката укажува дека реконструираниот дом е капитална инвестиција, во која, како што наведе, вложени се многу труд, време и средства.

-Тоа е инвестиција за студентите денес, но и за многу генерации што допрва ќе престојуваат во него. Затоа апелираме до сите студенти да се однесуваат одговорно, да го чуваат домот и заедничките простории. Да покажат почит кон јавните добра. Да бидат пример за добро однесување и заедно да им оставиме на идните генерации студенти исто толку добри и пристојни услови за престој, пишува во објавата на Јаневска на Фејсбук.


Можете да прочитате

Мрежата за заштита од дискриминација против предлогот за кратење на неработните денови

Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

Обвинителството побара доживотен затвор за Трајче Бојковски, пресудата ќе биде изречена на следното рочиште