Утрински Весник
Македонија

Водно доби статус на заштитено подрачје

Водно доби статус на заштитено подрачје

Владата донесе одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје од петта категорија.

„Со оваа одлука се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа“, се наведува во владиното соопштение.

Во расправата по повод оваа точка Владата донесе заклучок дека останува отворена за дебата и сугестии во однос на предлогот за донесување на „лек специјалис“ за Водно како можност за дополнително унапредување на заштитата на Водно.

Можете да прочитате

МОН со поддршка од „Македонски Телеком“ етапно ќе воведува дигитални свидетелства

86-годишен старец сакал да допира малолетничка во парк во Ѓорче Петров

Филипче: Барам извинување од Мицкоски и ВМРО за граѓаните на Македонија