Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче одмoраше на плажите во Грција, во Македонија се случи експлозија од заразени со Ковид

(Видео) Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање дава резултати
Img 7972

Додека министерот за здравство Венко Филипче со недели одмараше на плажите во Грција, во Македонија се случува експолозија на четвртиот бран од Ковид пандемијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат дека само за 24 часа во земјата има нови 792 нови потврдени случаи и 10 починати, а тоа се должи на целосното олабавување на мерките и немањето контрола на граничните премини.

„Најнеспособниот министер за здравство Филипче пред само неколку недели, пред да замине на одмор, спектакуларно најавуваше дека само што не сме ја победиле пандемијата. Кажа и замина на одмор. Целосно ги олабави мерките, без никакви контроли на граничните премини, Македонија за 10 дена повторно стана жариште од корона пандемијата. На врвот сме на сите листи по процент од заразени и починати. Целосно дезорентиран, од грчките плажи донесе нови фашистички мерки кои не кореспондираат со моменталната ситуација. Овие нови мерки ги делат граѓаните и немаат никаква логика. Но на Филипче не му е гајле за здравјето и животот на граѓаните, па за тоа побрза како потписник до Собранието да го поднесе законот за марихуана со европско знаменце. Ете толку од грижата на Филипче. Најбитно му беше да му се покори на криминалецот Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата обвинува дека премиерот Заев и министерот Филипче  ја водат државата кон сигурна пропаст.

Можете да прочитате

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

Сиљановска-Давкова денеска разговараше со претставници на „Habitat for Humanity International” и на „Хабитат Македонија”

Каравилоски: Продолжуваме со чесна работа за напредок и просперитет на Кривогаштани