Утрински Весник
Спорт

Матеус безмилосен кон Крос: Неговите додавања се како неговата фризура

Матеус безмилосен кон Крос: Неговите додавања се како неговата фризура
Dik 300x250 mk

Елиминацијата на Германија од Европското првенство уште предизвикува дискусија, откако легендарниот Лотар Матеус влезе во остра критика на Тони Крос, фудбалерот на Реал Мадрид кој потврди дека се повлекува од „маншафт“ бидејќи „циклусот е комплетиран“.

Во својата колумна за „Билд“, Матеус, капитенот на репрезентацијата која во 1990 стана светски шампион беше безмилосен, оценувајќи дека Крос не успеал да стане лидер на својот тим.

„Тој се цени самиот себеси повисоко отколку што другите го ценат. Не се работи за ништо лично, му честитам за успесите со Реал Мадрид и со Германија, во добра кариера, како голем и елегантен фудбалер. Но, на Европското првенство тој беше разочарувачки, без желба да го предводи тимот. Му недостасуваше страста, оганот и неговите додавања. Неговите додавања се како неговата фризура – убави и чисти, коректни. Но, тоа го одземаше духот на тимот. Немаше хоризонтални додавања, секогаш се повлекуваше наназад. Тој не сакаше да преземе одговорност, ниту покажа уверливост“, вели Матеус.

> Матеус безмилосен кон Крос: Неговите додавања се како неговата фризура <

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата