Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица во тетовско, кај нив била пронајдена дрога

Приведени две лица во тетовско, кај нив била пронајдена дрога

Вчера во 19.45 часот на наплатната станица во с.Желино, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од с.Мала Речица, тетовско и Е.А.(31) од Скопје.

При преглед во возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле двајцата и при нивен личен преглед биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Ја принудувал сопругата на сексуални односи и вршел физичко малтретирање врз неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Инсистирам да се објави  – одговори Мицкоски на барањето на СДСМ јавно да се покаже извештајот дека водата во Гостивар е безбедна 

Тепачка на семејна веселба во село Броштица, приведени пет лица