Утрински Весник
Македонија

92 возачи возеле под дејство на алкохол во државата

92 возачи возеле под дејство на алкохол во државата

92 возачи биле казнети бидејќи управувале возило под дејство на алокохол, откако синоќа во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи спровело акциска контрола на територијата на државата.

Тие биле веднаш исклучени од сообраќај и им биле изречени соодветни санкции, велат од МВР.

Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-19, Битола-15, Штип-15. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од министерството и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

МЗ: Сите хируршки сали на Клиничкиот центар работат непречено, нема одложување на операции

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка