Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Zelenski.webp.webp

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави дека Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта како одговор на новата политика на Москва за спроведување воздушни напади со цел принудување на населението да го напушти Киев и другите градови, но нема да напаѓа цивили.

Тој посочи дека Украинската разузнавачка служба добила документи што покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин издал „нова доктрина“ за напади што предвидува поширок опсег на цивилни цели пред претстојната зима.


„Ги видовме документите и знаеме дека им е дозволено да напаѓаат инфраструктура… логистика… патишта, училишта, болници, со цел да извршат притисок врз луѓето да го напуштат главниот град и другите градови. Тоа е целта на операцијата“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Франција заедно со средношколците и студентите