Утрински Весник
Македонија

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

Foto 11.jpeg

По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска Кабинетот на претседателот го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев” од Виница и деца од скопските градинки „Орце Николов” – Карпош, Британска детска Академија и „Изворче – Монтесори”, како и дел од нивните наставници и воспитувачи.

Традиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар.


Децата љубопитно го проследија настанот, со почит се вклучија во интонирањето на македонската химна, а на крајот го крунисаа моментот со заедничка фотографија.

Заинтересирано ги разгледаа кабинетските простории, а посебно внимание им посветија на двата прекрасни мозаици на Чемерски во свечената сала.

Највозбудлив дел од посетата беше бурниот разговор со претседателката, која беше изненадена од умните прашања за нејзините омилени игри и училишни предмети, домашните миленици, но и за тежината и предизвиците во вршењето на претседателската функција.

Одговарајќи им, претседателката искрено призна дека нивните прашања ја вратиле во најубавиот период од животот, којшто никогаш никој не го заборава.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Николоски – Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка