Утрински Весник
Свет

Денеска конечна пресуда за Ратко Младиќ

Денеска конечна пресуда за Ратко Младиќ

Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја донесе конечната пресуда против поранешниот командант на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ. Toj e осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото над несрпското население за време на војната во БиХ.

Конечната пресуда против Младиќ е закажана за во 15 часот во Хаг. Неговиот син изјавил дека Младиќ ќе се појави во судницата на изрекувањето на пресудата.

Хашкиот трибуналво 2017 година го прогласи 78 годишниот Младиќ за виновен за геноцид во Сребреница, прогон на Хрватите и муслиманите низ цела БиХ, тероризирање на населението во Сараево со продолжено гранатирање и земање во заложништво на членови на УНПРОФОР. Според пресудата, Младиќ бил протагонист на сеопфатното заедничко злосторничко дело со цел трајно и насилно отстранување на муслиманите и Хрватите од голем дел од територијата на БиХ, со цел да се постигне српска доминација.

Со првостепената пресуда Младиќ е прогласен за виновен за десет од 11 точки на обвинението. Единствено е ослободен од вина за геноцид во општините Приједор, Сански Мост, Кључ, Котор Варош, Фоча и Власеница во 1992 година. На пресудата се жалеа и одбраната и Обвинителството. Одбраната бара ослободителна пресуда, додека обвинителството смета дека првостепениот совет погрешил кога го ослободил Младиќ за обвинението за геноцид и во западна Босна.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот