Утрински Весник
Свет

Европската комисија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 години

Европската комисија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 години

Европската комисија ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ за сите деца на возраст од 12 години и повеќе.

Европската комисија ја одобри употребата на вакцините на „Фајзер-Бионтек“ против Ковид-19 кај адолесценти на возраст од 12 години, со што се отвори патот за помасовна вакцинација во ЕУ по слични одобренија во САД и Канада.

Сепак, одлуката да се започне со вакцинирање на адолесцентите во богатите земји, додека многу делови на светот чекаат вакцини за постари и поранливи лица, предизвика загриженост во Светската здравствена организација, која ги повика богатите земји да донираат вакцини преку програмата „Ковакс“ наместо да ги употребат на тој начин, објави „Ројтерс“.

Франција ќе започне со вакцинирање на 12-годишни деца со вакцината на „Фајзер“ на 15 јуни, Германија планира да ги вакцинира адолесцентите на возраст од 12 до 16 години од 7 јуни, како и Полска, која ќе ги вакцинира адолесцентите на возраст од 12 до 15 години од истиот датум.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење