Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновска: Филипче не обезбеди вакцини, а сега казнува лекари затоа што дале лек на пациент

Андоновска: Апсете ги одма и кривична пријава за пратеничката од СДСМ која го загрозува здравјето

Во период на корона епидемија, Филипче и Фондот за здравствено осигурување ги казнуваат матичните лекари, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Министре, знаете дека во овој период ниту еднаш не ги посетивте матичните лекари и не поразговаравте со нив за нивните потреби и услови во коишто работат без никаква помош и поткрепа од вас. И покрај тоа што се преоптеретени и изморени од работа, матичните лекари продолжуваат да работат се со цел да помогнат на што повеќе граѓани коишто лутаат низ хаотичниот здравствен систем којшто вие го создадовте“ рече Андоновска.

Таа го праша министерот Филипче дали заслужиле докторите, да бидат казнувани од него и од Фондот за технички работи.

„ За некои пак има и по повеќе казни. Оттука казните се движат од 15 илјади денари до 25 илјади денари. За некои ординации достигнуваат дури и до 75 илјади денари. А зошто овие казни? Повеќето се за препорака за лек, неуредна евиденција или запишан во картон, а не и електронски, или пак обратно внесен е прегледот во систем, а не е запишан истиот во картон. Министре и вие сте лекар! Зарем медицински лица се казнуваат во период на епидемија на вакви работи? Зарем вие ако имате можност да препишете некој лек нема да му го препишете на пациентот, ќе го оставите да чека неколку дена или пак неколку недели?“ порача Андоновска.

Таа нагласи дека здравствениот систем не функционира, а специјалистички прегледи скоро и да нема и не се достапни. Андновска вели дека наместо награди за докторите и матичните лекари, Филипче и Фондот за здравство на повеќе од 800 лекари веќе им испратиле известувања и рок за плаќање на казната.

„ Вакцини не обезбедивте на време, здравството го колабиравте, луѓето ги оставивте на милост и немилост, а сега како лекар наместо да му препишувате лек на пациентот, вие го казнувате. На крајот, вие ќе бидете казнети за овие постапки кои ги спроведувате и тоа од народот“ заклучи Андоновска.

Можете да прочитате

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија