Утрински Весник
Македонија

(Видео) Талески: Прилеп одамна им кажа не на насилниците

(Видео) Талески: Прилеп одамна им кажа не на насилниците

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа зад насилството, зад осудените насилници, смета пратеникот од владејачката СДСМ, Миле Талески.

„Луѓето кои вооружени, жедни за крв упаднаа насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да убијат пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители. Денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наместо зад правдата, зад граѓаните, застанаа зад лица осудени за тероризам“, рече Талески.

Според Талески, пратениците од Прилеп, Ане Лашкоска и Петар Ристески заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта – да бранат како што вели криминал и криминалци.

„Кога треба да се носат законите важни за граѓаните Ристески и Лашкоска блокираат, кочат, го напуштаат Собранието, но први се кога треба да се брани криминал и насилство. Тоа е се што граѓаните на Прилеп гледаат од ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници. Прилеп одамна им кажа „НЕ“ на насилниците, инсталациите на Груевски се поразени од граѓаните на градот Херој.Така ќе биде и на следните локални избори“, потенцира Талески.

Можете да прочитате

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните