Утрински Весник
Македонија

Државјани на Косово криумчареле мигранти во Македонија

Десет мигранти откриени во камион во Тетово

Велешката полиција ги привела Д.П.(45) и Е.Б.(30), двајцата од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.

На 24 овој месец на магистралниот пат Велес-Штип, кај клучка „Штипска петља”, од патничко возило „мерцедес”, со косовски национални ознаки излегле лица – мигранти, по што возилото се упатило кон влезот на Велес, а по него се движело патничко возило „бмв х5″, со косовски национални ознаки.

По преземени мерки кај крстосницата „Башино село”, полициски службеници го сопреле возилото „бмв х5″, управувано од Д.П., во кое биле пронајдени седум лица-мигранти од Пакистан. Исто така, било пронајдено и возилото „мерцедес”, кое било управувано од E.Б. од Косово.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока косовските државјани биле задржани во СВР Велес, возилата биле одземени, а мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци.

Денеска, по брза постапка, косовските државјани ќе бидат спроведени до ОЈО ГОКК и Основен суд Скопје-1 во Скопје и ќе им бидат поднесени соодветни пријави, велат надлежните.

Можете да прочитате

„Турција без терор“ – историски чекор кон крајот на еден повеќедецениски воен конфликт

Царинска управа: Во поштенска пратка откриени 700 грама хашиш

Кузеска: Сè што рековме се потврдува, aрамијата не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство