
Во Општина Чаир денеска се одржа првата седница на Младинското собрание, со што се заокружи процесот на формирање на ова тело и се направи значаен чекор кон зајакнување на претставувањето на младите на локално ниво.
За време на седницата, младите учесници дискутираа за улогата, начинот на функционирање и одговорностите на Младинското собрание, како и за следните чекори во рамки на младинското организирање и учеството на младите во локалните процеси.
Младинското собрание ќе служи како механизам преку кој младите ќе можат да ги изнесуваат своите потреби, идеи и иницијативи, како и активно да се вклучуваат во прашањата поврзани со младинските политики и локалниот развој.

По формирањето на Младинското собрание, следниот чекор е формирање на Локалниот младински совет на Општина Чаир, кој ќе ги претставува интересите и потребите на младите и ќе придонесе за зајакнување на нивната улога во процесите на донесување одлуки на локално ниво.


