Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче си возат мотори на ден кога 46 луѓе починаа од Ковид

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче си возат мотори на ден кога 46 луѓе починаа од Ковид

Денеска починаа 46 лица, но тоа не ги засега министерот за здравство, Венко Филипче, и премиерот Зоран Заев, кои наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека „тоа не може да се окарактеризира никако, освен како одлепени од реалноста и  убијци на сопствениот народ“.

Претходно денеска, пратеникот Антонијо Милошоски сподели видео за кое тврди дека е од Заев и Филипче во Пештани.

„Во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет и лекови, додека фирмите и вработените се борат за преживување, Заев и Филипче лабаво со мотори на ручек во Пештани“, напиша Милошоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево велат дека нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе, тие си возат мотори.

„Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени. Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните“, наведува партијата.

Опозицијата додава дека Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои. Ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи. Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол