Утрински Весник
Спорт

Кавани покажа колку ќе им недостасува на Јунајтед ако замине

Кавани покажа колку ќе им недостасува на Јунајтед ако замине

„Ел матадор“ Единсон Кавани им покажа на фановите на Манчестер јунајтед колку ќе им недостасува следната сезона доколку се покажат вистински шпекулациите дека сака да направи трансфер во Бока јуниорс ова лето.

Иако има 34 години, јасно е дека со него, „ѓаволите“ се далеку помоќни во нападот, бидејќи тој докажа дека уште е еден од елитните напаѓачи со убиствен инстинкт. Иако чувството за гол е фантастично, неговото движење околу шестнаесетникот ја носи предноста која ја искористија против Тотенхем.

Таткото на Кавани во март откри дека неговиот син сака да си замине од Премиер лигата, најмногу поради неговиот син, но и дека уште трае лутината за суспензијата од три меча која ја доби за објавата со „Gracias negrito“ до неговиот уругвајски пријател на социјалните мрежи. Иако Кавани има само осум гола оваа сезона, Солскјер по мечот призна дека тој го кренал нивото на тимот.

„Мислам дека на клубот му недостасуваа вакви перформанси неколку години. Немавме таков тип на ‘деветка’ долго време. Единсон работи напорно за да остане во форма и сега покажува што умее“, изјави Солскјер.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

> Кавани покажа колку ќе им недостасува на Јунајтед ако замине <

Можете да прочитате

ПСЖ повторно е крал на Европа! Арсенал падна по пенал-драма во Будимпешта

Европа чека нов или стар шампион – ПСЖ и Арсенал за трофејот од Лигата на шампионите 

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока