Утрински Весник
Свет

Иран почна проби со напредни центрифуги ИР -9 за збогатување ураниум

Иран почна проби со напредни центрифуги ИР -9 за збогатување ураниум
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иранските специјалисти започнаа проби со напредните центрифуги ИР-9 за збогатување ураниум, објави денеска портпаролот на Иранската организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди, пренесува ИСНА.

„Еден од напредоците направени во областа на збогатувањето на ураниум е почнување механички проби со центрифугите ИР-9 со производна можност од 50 SWU“, рече тој за ИСНА.

Камалванди додаде дека оваа опрема е целосно домашно произведена, развиена и функционира во согласност со новите стандарди.

Иран работи на развој на нови и надградба на постојните центрифуги за збогатување ураниум. Како одговор на повлекувањето на САД од нуклеарниот договор, Иран почна да користи напредни центрифуги на своите нуклеарни локации.

На 1 април, Иран почна со збогатување ураниум во подземниот објект „Натанц“ преку четвртата каскада од центрифугите од класа ИР-2м. Во моментов, Иран збогатува ураниум преку центрифугите ИР-1, ИР-2м и ИР-4. Според нуклеарниот договор,  на Иран му е дозволено да користи само центрифуги ИР-1.

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција