Утрински Весник
Свет

Седуммина убиени во судирот меѓу демонстрантите и војската во Мјанмар

Седуммина убиени во судирот меѓу демонстрантите и војската во Мјанмар

Последните судири меѓу демонстрантите против пучот и безбедносните сили во Мјанмар резултираа во седум загинати и повеќе повредени, пренесува РТ.

Војската денеска отвори оган кон демонстрантите за да ги растури продемократските протести додека хунтата продолжува со насилната акција против активистите кои демонстрираат против пучот, во обид да обезбеди контрола врз земјата.

Според жител на Кале, во градот биле убиени пет лица. Уште двајца демонстранти биле застрелани во судирите со безбедносните сили во градот Баго, близу Јангон, објавија медиумите во Мјанмар.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи, а за кои се тврди дека се снимени во Кале, се гледа како притворени лица со врзани очи и со врзани раце зад грб, се удирани од безбедносните сили пред да бидат одведени.

Силите на Мјанмар исто така извршиле рација во протестниот камп исполнет со активисти против пучот како дел од раната утринска операција за апсење лица кои ѝ се спротивставуваатна војската во обид да го сузбијат отпорот.

Демонстрантите протестираат против воениот удар изведен на 1 февруари со кој Аунг Сан Су Чи и нејзината демократски избрана граѓанска влада беа симнати од власт неколку месеци откако обезбедија значајна победа на изборите во ноември, за кои армијата тврди дека биле наместени.

И покрај насилството и притворањето на активистите, поединци продолжија да одржуваат протести на повеќе места низ целата земја, држејќи транспаренти со кои се бара војската да ја ослободи Су Чи и да ја врати земјата под демократска контрола.

Од почетокот на пучот, најмалку 581 лице, вклучително и мали деца, биле убиени од безбедносните сили, а повеќе од 3.500 се уапсени, од кои 2.750 сè уште се наоѓаат во притворските центри.

Можете да прочитате

МСП му нареди на Израел да обезбеди информации за евакуацијата и испораката на помош во Газа

Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови операции, конзилиум во понеделник

Индонезија прогласи највисоко ниво на тревога поради серија ерупции на вулканот Ибу