Утрински Весник
Свет

Во Унгарија само државните медиуми имаат право да снимаат и фотографираат вакцинации

Унгарија воведе ограничувања за известување за тековната кампања за вакцинација против коронавирус, се вели во интерното писмо објавено во неделата.

Само државниот медиумски холдинг МТВА има дозвола да снима и фотографира болници и ординации каде што се врши вакцинирање, се вели во внатрешниот циркуларен допис на болницата објавен на „Фејсбук“.

Деталите беа објавени на мрежата од независната градоначалничка на округот и опозициска политичарка во Будимпешта Кристина Барани.

Во писмото се вели дека поотворен медиумски пристап ќе ја наруши вакцинацијата. Сепак, на медиумскиот холдинг му е дозволено да фотографира и да снима, а снимките и фотографиите им се дозволени на другите новинари бесплатно.

Новинар во Нагиканиза во неделата лично бил сведок на новите ограничувања. Тој сакаше да се фотографира за време на вакцинацијата, што му беше забрането поради новите правила, објави индекс.ху, провладин портал.

Десничарската влада на премиерот Виктор Орбан е предмет на меѓународна критика поради сè построгата медиумска политика.

Текстот Во Унгарија само државните медиуми имаат право да снимаат и фотографираат вакцинации е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Јужна Кореја го прошири законот за шпионажа за да ги заштити тајните на индустријата за чипови

Драма во Јаванското Море: Патнички брод со повеќе од 240 луѓе исчезна во невреме

Шведска денес одржува избори, крајната десница влегува во владата?