Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: „Астра зенека“ прво треба да ја исполни својата обврска пред да започне со извоз

Фон дер Лајен: „Астра зенека“ прво треба да ја исполни својата обврска пред да започне со извоз
Dik 300x250 mk

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека „Астра зенека“ прво треба да ја исполни својата договорена обврска кон ЕУ пред да започне со извоз.

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра зенека“ вети дека ќе испорача 120 милиони дози вакцини против Ковид-19 во ЕУ во првите три месеци, но ќе испорача само 30 милиони.

„Мислам дека таа компанија мора прво да го испочитува договорот што го има со членките на Унијата пред да започне повторно со извоз“, рече фон дер Лајен.

Европската комисија во средата одлучи да ги засили контролите врз извозот на вакцината против Ковид-19, воведувајќи ги принципите на реципроцитет и пропорционалност како нови критериуми до кои производителите мораат да се придржуваат за да добијат одобрение за извоз.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот