Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Берлускони ја напушти болницата по рутински преглед

Силвио Берлускони позитивен на Ковид-19
Img 7972

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја напушти болницата „Сан Рафаел“ во Милано, каде што беше примен на рутински прегледи во понеделникот, потврдија за „Ројтерс“ од неговата партија „Форца Италија“.

Во изјавата објавена претходно денес, „Форца Италија“ објави дека 84-годишниот политичар, кој беше хоспитализиран во Монако во јануари поради проблеми со срцето, е примен во болница за набљудување и прилагодување на терапијата што ја зема, наведува агенцијата.

„Ројтерс“ пренесува дека поради приемот во болницата „Сан Рафаел“, поранешниот премиер не можел да присуствува на рочиштето во судот во Милано утрово во врска со случајот во кој бил вмешан.

Во септември минатата година Берлускони прележа Ковид-19, што тој го опиша како најопасен предизвик во неговиот живот, а исто така имаше операција на срце во 2016 година, како и операција на рак на простата, наведува агенцијата.

 

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија