Утрински Весник
Свет

Берлускони ја напушти болницата по рутински преглед

Силвио Берлускони позитивен на Ковид-19

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја напушти болницата „Сан Рафаел“ во Милано, каде што беше примен на рутински прегледи во понеделникот, потврдија за „Ројтерс“ од неговата партија „Форца Италија“.

Во изјавата објавена претходно денес, „Форца Италија“ објави дека 84-годишниот политичар, кој беше хоспитализиран во Монако во јануари поради проблеми со срцето, е примен во болница за набљудување и прилагодување на терапијата што ја зема, наведува агенцијата.

„Ројтерс“ пренесува дека поради приемот во болницата „Сан Рафаел“, поранешниот премиер не можел да присуствува на рочиштето во судот во Милано утрово во врска со случајот во кој бил вмешан.

Во септември минатата година Берлускони прележа Ковид-19, што тој го опиша како најопасен предизвик во неговиот живот, а исто така имаше операција на срце во 2016 година, како и операција на рак на простата, наведува агенцијата.

 

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск