Легеднарниот поранешен УФЦ шампион, Џон Џонс се пофали со своите тренинзи пред камбекот во кафезот, првпат во кариерата во тешка категорија, и фановите беа воодушевени од брзината и моќта на 33-годишниот Американец, кој сега има над 120 килограми.
Популарниот „Боунс“ ќе дебитира во тешката категорија оваа година по доминацијата во средно-тешка категорија и .то на кое тренира со тренерите Брендон Гибсон и Мајк Винкелџон е импресивно.
„Чувствувам дека добро се движам за дебело момче, и кога ќе се вратам во форма ќе бидам опасен“, напиша Џонс.
Последен меч на Џонс беше контроверзната победа над Доминик Рејес на УФЦ 247 во февруари 2020, по што се откажа од титулата и сега најверојатно ќе добие брз обид да ја освои и оваа титула, откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека тој е прв кандидат за меч со победникот на дуелот меѓу актуелниот шампион Стипе Миочиќ и Френсис Нгану.
I feel like I move pretty good for a fat boy, I believe I’ll be moving at my all-time best once I actually get in shape pic.twitter.com/qjEsXfShid
— BONY (@JonnyBones) February 26, 2021
View this post on Instagram
> УФЦ: Џон Џонс се направи „ѕвер“ од 120 килограми! <