Утрински Весник
Свет

Повеќе од 40 земјотреси го погодија Исланд

Повеќе од 40 земјотреси го погодија Исланд

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Исланд околу 11 часот. Епицентарот бил во близина на Рејкјавик.

„Многу силно се почувствува во Рејкјавик. Мојата канцеларија се тресеше. Почувствував два големи земјотреси и неколку помали“, напиша еден корисник на „Твитер“.

Се наведува дека еден час по првиот земјотрес, Исланд бил погоден од најмалку 40 земјотреси со различна јачина.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети